Франс Тимерманс поради Јанша ја бојкотираше заедничката фотографија: „Не можев да застанам на истиот подиум“

од Stefanija Kuzmanovska

На првиот ден од претседателството на Словенија со Советот на Европската унија, словенечкиот премиер Јанез Јанша ги критикуваше социјалдемократите на работниот состанок со Европската комисија во Брдо кај Крањ, по што потпретседателот на Комисијата Франс Тимерманс одби да се фотографира за заедничка фотографија, пренеле германските медиуми.

За време на посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајан, Јанша се пожали на поткопувањето на судството во Словенија од страна на социјалдемократите.

Тој на состанокот со претставниците на ЕК покажа фотографија на која се гледа судијата заедно со социјалдемократските политичари и која требаше да докаже како левицата се инфилтрира во судството, пренесува виенскиот дневен весник „Стандард“.

Реагирајќи на тоа, Тимерманс, инаку холандски социјалдемократ, реши да ја бојкотира традиционалната заедничка фотографија.

– Не можев да застанам на истиот подиум со премиерот Јанша по неприфатливиот напад на двајца судии и социјалдемократски пратеници во Европскиот парламент – изјави Тимерманс за германскиот дневен весник „Зидојче цајтунг“.

Слични содржини