Претседателот на Франција Емануел Макрон, за претседател на владата го постави претставнкот на конзервативците Едвард Филип. Со овој потег Макрон го одржа свото ветување од кампњата дека во француската политика ќе “внесе” нови лица.
Агенцијата АП наведува дека 46 годишниот Филип за гласачите е поприлично непознато име. Во биографијата пишува дека е член на Републиканската партија и дека е градоначалник на Авра. Новиот премиер на Францја зборува германси и е татко натри деца. Во слободното време пишува кримналистички романи и аматерски се занимава со бокс. Оние што го познаваат го сметаат за арогантна личност која истовремено е и спортски тип и интелектуалец. 
На неговото именување за претседател на француската влада гледа како на напор од страна на центристот Макрон да формра мнозинство во Парламентот со привлекување на десницата.