Франција ќе се бори против исламските милитанти во регионотт Сахел

од Nikola Popovski
235 прегледи

Франција и земјите од Западна Африка се согласија  под заедничка команда да се борат против исламските милитанти во регионот Сахел во Африка, а Франција да испрати дополнителни 220 војници за зајакнување на военото присуство во регионот.

Лидерите на Западна Африка го уверија францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот во Пау во Франција дека сакаат Франција да продолжи со воената мисија во регионот, што се протега низ Нигер, Мали, Мавританија, Буркина Фасо и Чад.

– Немаме друг избор, потребни ни се резултати, рече Макрон, најавувајќи испраќање дополнителни сили по самитот со лидерите на тие земји.

Франција, поранешна колонијална сила во тој дел на Африка, во моментот има околу 4.500 војници во Сахел.

Ситуацијата во регионот се влошува бидејќи милитантите на Ал-Каеда и ИД ги зајакнаа своите упоришта, поради што делови од таа територија не е можно да се контролираат.

Исламистите исто така предизвикаа етничко насилство, особено во Мали и Буркина Фасо.

Во заедничката изјава, лидерите на шесте земји се заложија да се фокусираат на борбата против ИД на Голема Сахара и ги повикаа САД да продолжат логистички да ги поддржуваат нивните сили.

Слични содржини