Деветгодишно дете е убиено поради домашна задача, а уапсени се четири членови на семејството.

Четворица од исто семејство, уапсени се на истокот на франција откако претепале 9-годишно момче до смрт.
Неименуван извор од полицијата за локалните медиуми вели дека детето е претепано затоа што не сакало да пишува домашна задача.
Како што се наведува, некој поради тоа го удрил со дршка од метла.
Уапсени се постариот брат на детето, сестрата, полусестрата, кои биле во куќата кога момчето е убиено.
Иако нивната мајка не била дома уапсена е и таа затоа што била свесна што се случува.
Момчето е убиено во неделата наутро, а поради случката во центарот на Милуза се собраа локланите жители.
Момчето ималу многу модринки по телото особено на стапалата, а смртниот удар бил во главата.
Мајката била на службен пат кога се случило убиството, но активно одобрувала такво казнување ако некој не сака да пишува домашна задача. За убиството осомничен е 19-годишниот брат, а истрагата ќе покаже што точно се случило.
МОмчето е убиено кога во францускиот парламент се разгледува можноста потполно да се забрани удирањето деца.