Франција не губи надеж: Во наредните денови може да се реши спорот меѓу С. Македонија и Бугарија

од Nikola Popovski
129 прегледи

Заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Васил Георгиев наложил парламентарна резерва по текстот на францускиот предлог, на денешниот Совет за општи работи на ЕУ, најавувајќи дека бугарската влада не може да донесе одлука без собраниска расправа за францускиот предлог за укинување ветото за почеток на преговорите со Северна Македонија за членство во ЕУ.

„Ние постојано се држиме до ставот дека се потребни сигурни гаранции за усогласување со Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји. Гарантирањето на правата на Бугарите, вклучително и со нивно вклучување во уставот на Северна Македонија, е услов за почеток на преговорит за членство“, рекол заменик министерот Георгиев, пренесува „БНР“.

Францускиот државен секретар за европски прашања Клемент Бон изразил надеж дека во наредните денови може да се постигне решение за билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија, но додаде дека политичката ситуација во Бугарија е тешка во последните денови.

И потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович не ја исклучил можноста да се најде излез во наредните денови. По Советот за општи работи во Луксембург, тој рекол:

„Знаеме дека Албанија и Северна Македонија се добро подготвени да ги отворат преговарачките поглавја и затоа многу сметаме на последните недели од француското претседателство за решавање кон овие прашања. Комисијата силно ги поддржува овие напори“, јавува „БНР“.

Србија, Албанија и Македонија утре ќе одлучуваат за нивното учество на овонеделниот самит ЕУ-Западен Балкан, информира денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, цитиран од Танјуг, по видео разговорот со премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски.

Слични содржини