
Новиот министер за здравство на Франција Агнес Буизин планира да направи 11 вакцини задолжителни за децата, наместо да ја остави одлуката во рацете на еродителите. Во моментов само три вакцини се задолжителни според законот: против дифтерита, тетанус и детска парализа, пишува The Local.
Се планира во новите вакцини да се вклучуваат оние против морбили, хепатитис B и C, менингитис, рубеола, заушки и магарешка кашлица.
Во моментов тие се само препорачани од државата и одлуката дали да се применат зависи од родителите, кои сепак често се врзани со теориите и од сензација дека вакцините се штетни.
“Овој двоен систем е уникатен. Тоа е реален проблем на јавното здравство “, посочи министерот Буизин, која посочи дека морбили се враќаат во Франција.