Владата на Франција има план да ја врати задолжителната воена служба на младите граѓани на возраст меѓу 16 и 21 година, објавија светските агенции.

Според планот девојките и момчињата ќе дoбиваат најмалку еден месец редовна воена служба , која ќе е со фокус “обука, работа со добротворни организации и традиционални воени вежби со полицијата, противпожарната служба и армијата”.
Тие дури и доброволно можат да служат од три месеци до една година по истекот на задолжителниот период од еден месец.
Претходната владина верзија од 2017 година им овозможи на француските граѓани “искуство во воениот живот” најмалку еден месец на возраст меѓу 18 и 21 година
Воената служба во Франција е откажана од 1996 година.
Според Франција 24, промените ќе влијаат на 750.000 француски младинци секоја година.
Владата прецизираше дека Неколкумесечната служба ќе вклучува граѓанско образование, обука при прва помош и информативни сесии за армијата. Младите Французи на возраст меѓу 16 и 25 години ќе имаат опција да учествуваат во втората фаза , која ќе трае помеѓу 3 и 12 месеци со фокус, култура, одбрана, животната средина и други области.
Емануел Макрон е првиот француски претседател кој нема воена служба.
Социолошкото истражување од 2015 година покажува дека 80 отсто од Французите го поддржуваат враќањето на задолжителна воена служба.
Програмата се очекува да чини 1,6 милијарди евра годишно , а првично владата ќе мора да инвестира 2,8 милијарди евра.
Враќањето на задолжителна воена служба може да се направи најрано следно лето.