Во Франција во изминатите 24 часа биле заразени 5.797 лица со коронавирус, објави Министерството за здравство. Починало 351 лице.
Од почетокот на пандемијата, во Франција се заразиле 2,48 милиони луѓе, а 60.900 луѓе починале од последиците на ковид-19.
Во Франција се воведени строги забрани, вклучително и полициски час, а затворени се ресторани, барови и музеи.