Франција веќе нема да стерилизира принудно транссексуалци

од desk3
95 прегледи

Транссексуалците во Франција ликуваат поради амандман во законот, според кој веќе не е задолжителна стерилизација при промена на полот. Амандманот, воведена во средата, дава право на возрасни и малолетни државјани на државата да го сменат полот во судот, без да се подложуваат на присилна стерилизација, пренесува ВВС. Борците за права на ЛГБТ (лезбејки, геј, бисексуалци и транссексуалци) општеството во Франција ја определија поправката како “напредок, во кој” уште една европска земја се ослободи од срамниот чин на стерилизација “.

image_5814115_126
Дури и по поправката во законот, луѓето кои сакаат да го сменат полот, ќе треба да го посетат судот, за да биде признаена промената. Активисти од ILGA-Еurope ги одредуваат Данска, Малта, Ирска и Норвешка како примери за односот кон транссексуалците: “Данска, Малта, Ирска и неодамна Норвешка го направија изборот да се почитува телото на човекот и неговото право да се декларира”. Во овие земји транссексуалците сами го определуваат полот и не мора да се поминува низ специјални процедури за промена на документите. Принципот на самоопределувањето беше застапен и од Советот на Европа.