Полицаец бил нападнат од маж со чекан пред катедралата “Света Богородица” во Париз.

Полицаец пукал по напаѓач, кој се обидел да го нападне со чекан негов колега пред катедралата “Света Богородица” во Париз, објавија властите во француската престолнина. Според информации на агенција “Франс прес” мажот бил застрелан и елиминиран
Во моментот целиот регион наоколу е блокиран, а граѓаните се замолени да го избегнуваат местото. Извори велат дека полицаецот добил полесни повреди, откако негов колега реагирал брзо и пукал во напаѓачот. Агенцијата, исто така посочува дека нападот била квалификуван како терористички акт и соодветните оддели на обвинителството веќе е започната истрага во врска со инцидентот.
Сепак сеуште не се познати конкретните мотиви зад нападот.
Сведок пријавил дека слушнал силни извици. “Потоа толпата се разбегала и луѓето биле во паника. Слушнав два куршума и видов маж како лежи на земјата во локва крв “, изјави очевидец. Во моментов напаѓачот бил пренесен во болница, но нема повеќе информации за неговата состојба.
Катедралата “Света Богородица” е една од најголемите туристички атракции во Франција. Таа е поставена на брегот на реката Сена и се наоѓа во самиот центар на француската престолнина. Досега немало терористички напади, иако во септември во близина на зградата беше откриен автомобил, полн со боци со гас . Последниот фатален терористички инцидент во Франција е од 20 април, кога полицаец беше убиен на булеварот “Шанз-Елиза” само три дена пред првиот круг на претседателските избори во земјата. / АФП, ТАСС