Францускиот предлог стигна во Собранието

од Берта Китинска

Француското предлог за започнување на преговорите е проследен во законодавниот дом на разгледување и носење натамошни заклучоци согласно со процедурите.

Седницата во Собранието се уште не е закажана по одлуката која Владата ја донесе вчера на седница, откако ја разгледа Информацијата од Министерството за надворешни работи за предлогот.

Пред неколу дена работната група на парламентарните партии одржа средба за францускиот предлог.

Во состав на оваа група се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонијо Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС.

Работната група на политичките партии за францускиот предлог не се договори за нова средба.

Слични содржини