Неколку илјади демонстранти во „жолти елеци“ се собраа во неколку француски градови десетта сабота по ред, покрај националната дебата која во текот на протестите ја покрена претседателот Емануел Макрон за да го ублажи нивниот бес.

Во Париз „жолтите елеци“ се оѕваа на повикот на истакнати и провокатвни денмонстранти на марж кој почна кај парискиот Дом на инвалиди, каде се наоѓа гробот на Наполеон Бонапарта, во чест на десетмина загинати и стотина повредени припадници на движењето, пренесоа агенциите.
Распоредени се 5.000 полицајци, а најмногу ги има околу владините згради и на Шанзелизе, каде претходните саботи протестите прераснуваа во насилство. Илјадници полицајци беа распоредени и во други градови, каде се одржаа протести.
Колоната кај Домот на инвалиди ја предводеа демонсктанти кои носеа транспарент на кој пишуваше „Граѓаните се опасност“ и држеа црни плочи во облик на ковчег во знак на сеќавање на загинатите. Демонстрантите мирно маршираа низ француската престолнина, а според податоците од француската полиција уапсени се 12 демонстранти.
Демонстрациите почнаа заради зголемување на таксите, но по протестите тие се намалија, а граѓаните на ист начин продолжуваат да изразуваат незадоволство од политиките на Макрон.