Актуелно
Почетна / Магазин / Деликатеси / Француско чудо од десерт – Еклер торта

Француско чудо од десерт – Еклер торта

Состојки:

450 гр крцкав кекс по избор
500 мл млеко
2,5 лажички пченкарен сируп
3 лажици шеќер
1 жолчка
1 капка екстакт од ванила

За прелив:

4 лажички шеќер
2 лажички какао
1 лажица млеко
50 гр путер

Подготовка:

Половина од млекото оставете го да се проврие, а додека се загрева во другата половина додајте ја жолчката, сирупот, шеќерот и екстактот од ванила. Измешајте додека убаво не се соедини, па турете го во провриеното млеко и варете со непрестано мешање, додека не се згусне.

Кремо покријте го со пластична фолија и савете го во фрижидер да се излади.

Плехот обложете го со фолија, па ставете слој кекс, а потоа нанесете слој крем, па поторувајте ја постапката. На крај завршете со ред кекс.

Подгответе го преливот:

Измешајте ги шеќерот и какаото, па додадете ги во млекото и згрејте. Кога ќе почне да врие, додајте го путерот и мешајте додека не се растопи и соедини со млекото. Прелијте преку тортата, па оставете ја тортата во фрижидер да преноќи.

loading...