Франција е позната по стриктната политика за имиња, но овојпат можеби се и во право, откако една француска двојка сакала своето дете да го именува Џихад.

Французите биле пријавени на властите дека сакаат своето дете да го викаат Џихад.
Двојката, кои живеат во Тулуз, се обиделе на својот син да му го дадат името Џихад кога се родил во август, но локалното градско собрание веднаш го известило обвинителот за нивниот контроверзен избор за име.
Да се избере вакво име во време кога Франција се соочува со бројни крвави терористички напади во име на џихадот, не е баш најсоодветно и обвинителот се бори им го одземе правото да го именуваат детето Џихад.
Можно е судиите да забранат родителите да го викаат синот Џихад.