Французинка бесна: Деколтето и откривало премногу, па и забраниле влез во музеј

од Aleksandar Petrovski
153 прегледи

Обезбедувањето на музејот Орсеј во Париз забрани влез на Французинка поради длабоко деколте, сè додека таа не го покрила, пренесува Локал Франција.

Во објавата што ја објави на Твитер, жената напиша дека обезбедувањето барало од неа да носи јакна, и покрај високите летни температури.

Таа напиша дека две жени од обезбедувањето, кои и забранувале влез, ги прашала зошто е проблем длабокото деколте, но изјави дека не добила никаков одговор и дека тие инсистирале на тоа дека правилата се такви.

Откако се согласила да облече јакна, на жената и било дозволено да влезе во музејот.

Таа тврди дека во музејот забележала дека многу жени носат облека што открива и повеќе, но дека „сите биле слаби, со многу мали гради“.

Таа објави фотографија во тој фустан, направена 4 часа пред да замине во музејот и изјави дека ја купила во редовна продавница за малопродажба, не сфаќајќи дека нешто на неа е непристојно.

Музејот Орсеј објави на Твитер дека се извинува на оваа жена и наведува дека се обидува да стапи во контакт со неа.
Ова е последен во низата инциденти во Франција кои сугерираат дека оваа земја не успева секогаш да го брани својот углед како бастион на индивидуалните слободи, особено кога станува збор за женското тело.

Минатиот месец, францускиот министер за внатрешни работи ја прекори полицијата во медитеранскиот град, која побарала од група топлес жени да се покријат, по поплаки од семејство.

Ланецот супермаркети „Казино“ минатиот месец испрати јавно извинување, откако медиумите објавија дека обезбедувањето забранило влез на една жена поради нејзиниот прслук, што, според нив, открива премногу.

Слични содржини