Емили Коениг, Французинка осомничена дека се бори на страна на терористичката организација Исламска држава, а се наоѓа на црната листа во САД и во Обединетите нации, уапсена е во Сирија, тврди нејзината мајка, пренесе AFP.

Триесет и тригодишната жена ја уапсиле курдските сили. Затворена е во нивниот камп на испрашување. Нејзиното семејство тврди дека е измачувана.
Кениг отишла во Сирија 2014 година и таму родила три деца. Ставена е на листата на најопасни борци на ИД. Таа преминала во ислам откако се омажила за својот прв сопруг по потекло од Алжир, но тој бил уапсен поради шверц на дрога. Го сменила името, научила арапски и заминала во Сирија каде повторно се омажил, а мажот подоцна загинал.
Се појавува во неколку пропагандни снимки на оваа терористичка организација. Француската разузнавачка служба пресретнала неколку повици во кои таа повикува на напади на цели во Франција. Освен неа, курдските сили уапсиле и неколку француски државјани кои припаѓале на ИД. Сите се на испрашување.
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека сите случаи на жени со деца посебно ќе се разгледуваат.
Мајката на Емили Коениг вели дека таа сака да се врати во Франција и да побара прошка од семејството, пријателите и државата.