Фрчкоски: Бугарската позиција нема влијание во однос на фактите дека постои македонско малцинство

од Nikola Popovski

Важно е што во извештаите на ОН постои македонско малцинство во Бугарија и оти бугарската позиција во однос на ова прашање нема влијание, вели македонскиот амбасадор во Обединетите нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски.

Тој додава дека прашање на факти е дали постои или не одредено малцинство во една земја.

– Факти кои се утврдуваат со меѓународни извештаи и фактографско пишување на меѓународни организации. А фактите се дека дел од извештатите на ОН евидентираат оти ова малцинство постои, дел од извештаите на Стејт департментот, дел од извештаите на групите за права на малцинствата и сите извештаи од Европската Унија. Тоа е прво, и второ се пресудите на Судот во Стразбур, изјавил Фрчкоски за Гласот на Америка на македонски јазик.

Слични содржини