Фрчкоски: Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија

„Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари ќе биде суспендирана и обработката на визи“, соопшти Фрчкоски

од Nikola Popovski
30 прегледи Фото: СДСМ

Од СДСМ велат дека подолг период предупредуваат за штетата од, како што соопштија, погрешните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ загрозувајќи го стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ. Ова следува откако Македонија е опфатена од САД во суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија…

Според членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, постои штета од погрешните политики на владејачката коалиција.

-Најблизок соработник на Мицкоски во Владата е Иван Стоилковиќ, кој има отворени проруски ставови и директни врски со Москва. Пред само неколку дена го видоме Стоилковиќ како слави заедно со ноќните волци блиски до Путин.

Паралелно со овие анти американски активности, Владата на Мицкоски води и анти-ЕУ кампања. Се продуцираат намерни судири со Грција и Бугарија, се отвораат затворени прашањa, се измислуваат изговори, за да се оправда изолацијата и блокирание преговори, посочува Фрчкоски, додавајќи дека САД носат специјален Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата и ова се само први чекори што ги гледаме.

-Следуваат и црни листи, се најавуваат и можни санкции, рече, меѓу другото, членот на СДСМ.