Фрчкоски само еднаш е осуден за клевета во 2008 година на тогашниот премиер Никола Груевски за објавен текст во колумна во весник. Не мислам дека тоа за што е осуден го прави недостоен бидејќи знаеме кој беше Груевски и како владееше и го знаеме текстот на колумната, рече претседателот Стево Пендаровски за испраќањето на професорот за нов амбасадор во ОН во Њујорк.
Пендаровски информира дека против Фрчкоски во други случаи немало кривична пријава, туку само полициски записник.
На прашањето како го коментира фактот што професорот и поранешен министер што од 2008 година заминува во Русија и предава како визитинг професор на Руската претседателска академија, која всушност е Путинова, Пендаровски вели тој таму заминувал еднаш годишно како професор по меѓународно право.
-Службите го проверија тоа и од тој аспект нема никакви проблеми. Не можам да се сетам за некој јавен интелектуален во земјава кој од 1990 година до денес бил конзистентно за Западот. Страшни умови сме имале, еднаш биле со едни, еднаш со други, и во стратешка и идеолошка смисла, па и денес викаат дека се со Рисија, но Фрчкоски никогаш не бил дел во таа смисла, што е фер да се каже, изјави Пендаровски во емисијата „Топ тема“.