Френк Лампард со чудна изјава за Арсенал

од Vladimir Zorba
70 прегледи

“Не мислам дека во соблекувалната на Арсенал има особено силни карактери. Арсен Венгер не се наоѓа во многу добра позиција во моментов”, коментира поранешниот играч на Челзи, Франк Лампард.

“Топџиите” го пречекуваат Баерн Минхен во реванш од 1/8-финалето во Лигата на шампионите и ќе се обидат да го надминат дефицитот од 1: 5 од првиот натпревар во Германија.

“Не ги познавам лично сите играчи на Арсенал, но никој не ми личи на особено силен карактер. Изгледа некои се незадоволни дека не се носители, други од различни причини, а како се појави и критика однадвор, работите брзо се влошуваат. Ситуација е многу тешка за еден менаџер. Не мислам дека Венгер се наоѓа во многу подобра позиција “, рече Лампард.

“Не знам дали овој тим на Арсенал може да заврши во топ 4 без Алексис Санчез. Не разбирам зошто тој беше на клупата во натпреварот против Ливерпул”, дополни поранешниот англиски репрезентативец.