Френки де Јонг: Сакам да останам во Барса, но ако ме повика друг клуб, ќе кренам телефон

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Френки де Јонг би сакал да остане во Барселона, но не ја исклучува можноста да го смени клубот на лето. Поради финансиските проблеми на „Ноу Камп“ размислуваат дали да го продадат Холанѓанецот, особено тоа што е посакуван од Манчестер Јунајтед.

„Преферирам да продолжам во Барса, бидејќи ова е клубот од моите соништа уште од детството. Никогаш не зажалив што дојдов овде. Но, ако се јави некој клуб, ќе го кренам телефонот. Секогаш сум го правел тоа“, изјави играчот од средниот ред во интервју за ESPN.

Каталонците за него платија 75 милиони евра и се надеваат дека ќе земат слична сума сега.

„Во моментов нема договор со други клубови, нема ни контакти“, додаде Де Јонг.

„Манчестер Јунајтед? Да имаше нешто конкретно, веројатно ќе го слушнав од раководството. Се чувствувам добро во Барселона и не сакам да разговарам за гласини. Свесен сум дека ова ќе и помогне на Барса во мојата продажба, но како што веќе реков, тие (Манчестер Јунајтед) не доставиле понуда“.

Де Јонг, исто така, беше запрашан дали разговарал со новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг, кој беше тренер на Ајакс. „Не можам да кажам ништо за тоа“, одговори тој.

Слични содржини