Фритата на индиски начин со само 300 калории

од desk2
199 прегледи

Доколку сте обожаватели на интересни комбинации на вкусови, тогаш сигурно ќе сакате да го пробате овој рецепт. Ако дополнително сте љубители и на индиската зачинета храна, ова е одличен начин да ги приготвите јајцата. Најдоброто од сè е што овој оброк има само 300 калории, па е одличен доколку внимавате на вашата фигура.

Потребни состојки:
3 белки
2 лути пиперки
Прстофат сол и бибер
Прстофат кари
1 зелена пиперка
1 кромид
Коријандер
1 домат
Начин на подготовка:
Во сад изматете ги белките, а потоа додајте ги ситно исечканите лути пиперки. Додајте бибер и сол по вкус и малку кари.

Во јајцата додајте ги и исечканата зелена пиперка и кромидот. За подобар вкус, додајте и малку коријандер. На крај додајте го доматот и изматете ја смесата.

На тава за пржење загрејте малку маслиново масло. Ставете ги јајцата и пржете неколку минути додека смесата не стане тврда. Потоа превиткајте го омлетот на половина и пржете уште неколку минути од двете страни./Kafepauza

Слични содржини