225
Вчера рано наутро, непознат потпалувач фрлил запалива течност и запалил излог од продавница за гуми во скопската населба Карпош, со што предизвикал пожар што морале да го гаснат пожарникари, соопшти полицијата.
„На 24.09.2022 е пријавено дека околу 04.00 часот кон излог на продавница за гуми на подрачјето на Карпош, сопственост на М.Ф.(48) од Скопје, била фрлена запалива течност, од која бил предизвикан пожар. Повредени лица нема, пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.