Движењето Фродем бара ВМРО-ДПМНЕ да даде јавен отчет на граѓаните за потрошените пари за како што ги нарекуваат скапи екскуризии на партијата во САД наменети за спас на нивната предвидлива иднина.
Од движењето реагираат дека јавноста остана куса за одговор и за досега потрошените околу 1,7 милиони долари од страна на оваа ВМРО-ДПМНЕ за ангажирање на американски компании за политичко лобирање и пропагандна поддршка во САД.
Јавен отчет од партијата на власт побара и Либерално -демократската партија. Оттаму велат дека јавноста треба да знае колку вреди имотот на партијата на Никола Груевски и како успеа да стане најбогата партија во една од најсиромашните држави во Европа.