159
Спречен е обид на припадници на украинските специјални служби да извршат диверзантско-терористички напад на гасоводот со кој се транспортира руски гас во Турција и Европа, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Приведени се руски државјани вклучени во подготовката на нападот, запленети се четири магнетни мини, четири килограми пластичен експлозив и детонатори со одложено дејство, над 9.000 евра и средства за комуникација со директорите од специјалната служба на Украина.
Откриени се и координатите на местото каде што требало да се случи експлозијата во регионот на Волгоград.