Шефот на ФСБ му пријавил на претседателот на Русија, Владимир Путин дека се уапсени 11 лица, меѓу кои и сите четворица терористи кои директно учествувале во терористичкиот напад во Крокус.
Како што е соопштено од ФСБ, службениците за спроведување на законот во моментов ги идентификуваат можните соработници.
За потсетување, Рускиот истражен комитет утринава соопшти дека во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 60 лица, а 145 се повредени, а се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем.
Во болниците се задржани 107 лица, од кои околу 60 се во тешка состојба. Меѓу хоспитализираните има и неколку деца – најнови податоци на Министерството за здравство, пренесува ТАСС утринава.
Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко изјави дека во текот на ноќта е завршена главната работа за пружање итна помош на жртвите од терористичкиот напад и дека лекарите сега ја стабилизираат состојбата на пациентите и продолжуваат да работат со оние чија состојба е проценета како најтешка.