Фудбалер може да лежи во затвор 2 години за навреда кон судија

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Фудбалер на Турција може да биде осуден на затвор две години откако му се заканил на судија за време на натпревар минатата година, објавика локалните медиуми.

Минатиот октомври, дефанзивецот Џанер Еркин беше фатен од телевизија ХаберТурк како вреска кон судијата и сите гледачи можеа да прочитаат јасно по неговите усни навредлива содржина на зборовите.

Споровите меѓу судии и играчи во Турција не се реткост, но зборовите на Еркин биле премногу навредливи, откако станаа јавно достапни и поради тоа тој е под истрага од обвинителите. Иследниците објаснија дека дефанзивецот „навредувал државен службеник за својата професија“.

И покрај критиките што ги доби по натпреварот, Еркин ги отфрли обвиненијата против себе и негираше навреда кон судијата. Тој беше казнет за шест натпревари од страна на Турската фудбалска федерација, а во следните неколку дена тој ќе се соочи пред судот.