Фудбалската асоцијација на Англија истражува еден играч на Арсенал поради жолтиот картон што го доби на почетокот на оваа сезона.
Букмејкерите претходно во сезоната ја предупредија ФА за големата сума на пари уплатена nа натпреварот дека фудбалерот на лондонскиот клуб ќе добие жолт картон на еден натпревар. Потоа беше покрената истрага.
Веста прв ја објави „Атлетик“, додека „Скај Спортс“ наведува дека ФА ги известила дека се запознаени со моменталната ситуација и дека ја истражуваат.
Од сигурниот „Атлетик“ претходно изјавија дека го знаат идентитетот на играчот, но дека поради почитување на приватноста не сакале да откријат за кого се работи.
Арсенал одби да ги коментира овие наводи.