
Даниеле Ругани дијагностициран со коронавирус. На 25-годишниот дефанзивец на италијанскиот шампион Јувентус, Даниеле Ругани му е дијагностициран коронавирус. Веста беше официјално објавена од клубот.
Според законот, сега се воспоставени процедури за да се сместат играчите, персоналот и секој кој стапил во контакт со него под целосна изолација. Веста би можела да значи и крај на сезоната во Серија „А“, откако слични повици дојдоа од Здружението на професионални фудбалери за првиот потврден случај на болен играч.
Серија „А“ е на пауза до 3 април, но Јувентус се подготвува за дуелот во Лигата на шампионите против Лион на стадионот „Алијанц“ следната недела.
Ругани е првиот играч заболен со коронавирус, кој зафати над 12.000 Италијанци, со 827 смртни случаи.
Претходно истиот ден, друг играч на Јувентус, Федерико Бернадески, објави дека ќе се изолира во базата на Јувентус за да се заштити себеси и своето семејство од болеста.