302
АД Пошта денеска ја промовираше поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на Европско првенство во фудбал 2020.
– Марката е со номинална вредност од 181 денар и изработена во 6 000 примероци. Поради ковид мерките, иако бевме договорени, денеска, за жал со нас не се селекторот и играчите, изјави генералниот директор Јани Макрадули.
Ова е скромен придонес од нас за сите фудбалски репрезентативци, посочи Макрадули и им посака успех на првенството.