Фудбалерите на Шкупи нападнати во Тетово, повреден играч

од Stefanija Kuzmanovska

При пристигнувањето на стадионот во Тетово, каде денеска се игра дербито помеѓу Шкендија и Шкупи, беа нападнати играчите на ФК Шкупи.

Спортскиот директор на ФК Шкупи, Омер Буњаку за ТВ21 вели дека има повреден фудбалер, а на снимката која се појави во јавноста се гледа како играч лежи на земјата.

Претходно, на навивачите на Шкупи не им беше дозволено да отпатуваат во Тетово откако организираните автобуси со кои тргнаа од Чаир полицијата ги врати од патарината во Тетово.

Слични содржини