Фуере: Косово и БиХ треба многу да се потрудат за да го достигнат нивото на С. Македонија и Албанија

од Nikola Popovski
298 прегледи

Ерван Фуере, поранешниот евроамбасадор во земјава и виш соработник во Центарот за студии за европска политика, вели дека европската перспектива за Западен Балкан нема алтернатива, и покрај бавниот процес и противењето на некои членки на ЕУ за натамошно проширување.

– Земјите-членки на ЕУ и сите нејзини институции многу пати ја потврдија европската перспектива за целиот Западен Балкан, но проблемот е што во реалноста трае многу подолго отколку што се очекуваше – вели Фуере.

Тој посочува дека млак пристап кон проширувањето може да се забележи во голем број земји-членки, и покрај фактот дека постои формална посветеност на интеграцијата на ЕУ во Западен Балкан.

Фуере нагласува дека нивоата постигнати од секоја од земјите се различни. Црна Гора и Србија во моментов преговараат, иако преговорите се одвиваат исклучително бавно.

-С. Македонија и Албанија чекаат. Советот на Европа одлучи да ги отвори преговорите за пристап, но една земја членка, Бугарија, го блокира од причини што немаат никаква врска со изгледите и членството во ЕУ. Косово и Босна и Херцеговина заостануваат, но реформите се подеднакво важни и во двете земји. Босна и Херцеговина е веќе на патот кон сите овие реформи, но сепак треба многу да се потруди за да се достигне нивото на С. Македонија и Албанија – наведува Фуере.

Поранешниот функционер на ЕУ вели дека скептицизмот кон Унијата го користеле други сили за да ги наметнат своите интереси во земјите од Западен Балкан.

– Додека ЕУ не ја преземе и не ја исполни својата одговорност во раководството на Западен Балкан, вакуумот што останува отворен ќе го користат други актери, како што се Кина и Русија, кои имаат свои специфични интереси, кои не се нужно во интерес на самите земји, подвлекува Фуере.

Тој забележува дека Кина со својата иницијатива „Пат и појас“ донесе многу заеми на земјите од Западен Балкан, но тоа се заеми што не мора да им помогнат на земјите на долг рок, бидејќи тие ќе бидат поврзани со отплата на заемот , наместо поблиска соработка со ЕУ.

– Гледам дека ЕУ сега одлучи да воведе своја иницијатива, да и се спротивстави на Кина и со тоа да ги зајакне врските меѓу Западен Балкан и Унијата од гледна точка на економската трговија, бидејќи Унијата останува најголем трговски партнер за целиот Западен Балкан- вели Фуере.

Но, политички и стратешки, продолжува тој, ЕУ мора да биде многу повидлива на Западен Балкан, за да навистина се осигура дека има лидерство и на крајот може да ги внесе земјите во ЕУ врз основа на сите реформи што треба да се случат.

– Берлинскиот процес беше важен во тој поглед, но сега е завршен. ЕУ сега мора да биде многу поенергична во пристапот кон Западен Балкан – заклучи Фуере во интервју за Гласот на Америка.

Слични содржини