Фуфо за актуелните случувања: Државата ми личи на фаличен пансион

од Nikola Popovski

„Се трудам целосно да не ги пратам политичките случувања за да можам порелаксиран да бидам затоа што што повеќе ги следиш актуелните случувања, се почесто си во разни стресови“, вели поранешниот бизнисмен и сопственик на пицерии Љупчо Николовски-Фуфо за емисијата „Клик плус“, на новинарско прашање за целата ситуација околу бегството и враќањето на поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков.

Тој вели државата му личи на фаличен пансион.

„Не сакам активно да се занимавам со тоа. Повеќе би се нервирал, а немам шанса ништо да променам, отколку што би се релаксирал. Тоа не значи дека можам максимално да се изолирам, но сепак сега имам привилигирана состојба да не морам активно да учествувам во политичкото секојдневие“, потенцира Фуфо.

Слични содржини