Фулам ја зголеми понудата за Мектомини, но Јунајтед сака повеќе

од Vladimir Zorba
54 прегледи

Фулам испрати подобрена втора понуда за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Скот Мектомини. Новата понуда е вредна 20 милиони фунти, откако „црвените ѓаволи“ веќе ја одбија првата која беше во висина од 17 милиони.

Според англиските медиуми, 20-кратните шампиони нема да ја прифатат оваа понуда бидејќи повеќе го ценат Шкотланѓанецот. Јунајтед постави цена од 30 милиони фунти за Мектомини, но се тврди дека од „Олд Трафорд“ најверојатно ќе се согласа на договор од 25 милиони фунти. Самиот играч од средниот ред се согласува на таков трансфер бидејќи сака да има сигурно стартно место.

Добиената сума ќе биде нето добивка за Манчестер Јунајтед, бидејќи МекТомини е дете на клубот. Парите од него ќе бидат искористени за привлекување на нов играч од средниот ред.

Минатото лето „црвените ѓаволи“ одбија 30 милиони од Вест Хем за Шкотланѓанецот.

Слични содржини