Функционер на ДУИ е осомничен за подметнување пожари, при претрес му се најдени запаливи материјали!

од Milan1
190 прегледи

Министерството за внатрешни работи сомничи функционер на опозициската ДУИ за намерно предизвикување на пожари во подрачјето на Скопје. Како што пренесе „Фокус“, станува збор за претседателот на партискиот огранок во Шутооризари, во чиј дом полицијата веќе извршила претрес.

Според неофицијални информации, при претресот биле пронајдени пиротехника и други запаливи материјали, а воедно му бил одмезен и мобилниот телефон, со цел да се вештачи.

Полициски извори за порталот изјавиле дека меѓу останатото, се испитуваат сомнежите дека тој е поврзан и со пожарот во отпадот во Визбегово, бидејќи поседува имот веднаш до опожарената парцела.

Станува збор за функционер на „интегративците“ на локално ниво со иницијали И.Л., чиј, брат, пак, е шеф на кабинет на директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, под капа на Град Скопје.

Слични содржини