Г-20: Вакцината ќе биде достапна за секого, а сиромашните ќе можат да ја купат

од Vladimir Zorba
389 прегледи

Лидерите на Групата 20 најиндустриски развиени земји ќе се обврзат дека ќе плаќаат за фер дистрибуција на вакцини за коронавирус, лекови и тестови низ целиот свет за да ги стават достапни на посиромашните земји.

Лидерите на Г-20, исто така, ќе пружат помош кога се во прашање долговите, според нацртот на коминикето за Г-20, во кој Ројтерс имаше увид.

„Нема да штедиме напори да обезбедиме сите луѓе да имаат еднаков пристап до вакцините“, рекоа водачите на Г20 во нацрт-документот.