Г-7 сложно: За слободна и фер трговија и против протекционизмот

од Vladimir Zorba
121 прегледи

 Лидерите на земјите од групата Г-7 по дводневниот Самит во Ла Малбе се сложија за „слободна и фер трговија што ќе биде во корист на сите“, како и за продолжување на борбата против протекционизмот. 

– Ние тежнееме кон намалување на тарифните бариери, нетарифните бариери и субвенциите, се посочува во заедничкото соопштение на Г-7.

И покрај тензиите меѓу земјите поради одлуката на САД до воведе тарифи на челикот и алуминиумит, сепак лидерите се сложија на заеднички текст за трговија.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, налгаси дека лидерите од земјите од Г-7 во текот на изминатите два денови „ги засукале ракавите“ и дошле до „заеднички јазик“, благодарение на кој можеле да се сложат во однос на многу прашања.