Претставниците на државите на Групата 20 индустриски развиени земји Г20 не постигнаа договор за климатските промени на самитот во Хамбург.

Климатските промени беа една од најспорните теми на преговори затоа што САД соопштија дека се повлекуваат од Парискиот договор за климата.
Функционерите на ЕУ изјавија дека во нацртот на официјалното соопштение е укажано на генералната посветеност на борбата против климатските промени, а дека во посебен пасус е спомната одлуката на САД за повлекување од договорот за климата.
Во еден параграф на официјалното соопштение наведена е посветеноста на преостанатите 19 членки на Г20 на Парискиот договор за климата.
Лидерите на земјите на Групата 20 индустриски развиени земји претходно се согласија нивните пазари и понатаму да бидат отворени за надворешна трговија, но во нацртот на официјалното соопштение се наведува дека е важно трговијата да биде взаемно корисна и дека државите можат да преземат чекори да го заштитат својот пазар./Мета