Лидерите на Групата седум индустриски земји (Г7) ветија 4,5 милијарди долари денеска за борба против глобалниот глад.

Тие, исто така, се согласија да ги засилат напорите за да им помогнат на украинските земјоделци да продолжат да работат и да го решат недостатокот на ѓубрива, пренесe Ројтерс.

Во завршната изјава на Г7, договорена на крајот на тридневниот самит во Баварските Алпи, исто така, се повикани земјите кои имаат залихи на храна да ја направат достапна за другите и ја истакна нивната посветеност да ги одржува отворените земјоделските пазари.

Слични содржини