Габриел: Провокациите се дел од играта, го чекаме Сити кај нас

од Nikola Popovski
15 прегледи

Порасна температурата меѓу Манчестер Сити и Арсенал по дербито кое заврши без победник 2:2. Сепак, еден од хероите, Бразилецот од Арсенал, Габриел, смета дека сето тоа е нормална работа.

Брилијантниот стопер погоди втор последователен натпревар и тоа во второто последователно дерби. Прво по Тотенхем до победа, а потоа и против Сити. На крајот имаше сериозен вербален, и нешто посилен од вербален дуел со Ерлинг Халанд, но не му придава големо значење.

– Халанд? Не се сеќавам што направи. Во секој случај, честитки – изјави Габриел.

По натпреварот, Бернардо Силва упати неколку не толку убави зборови кон Арсенал. На самиот натпрвар имаше многу тензии и провокации, но за Бразилецот сето тоа се нормални работи. Сепак, тој не ја пропушти можноста да најави дека реваншот ќе се игра во нивниот дом на Емирати.

– Битката, војната, провокациите се нормални и дел од играта. Сити го чекаме на наш терен, додал бразилскиот штопер.

Слични содржини