На денешен ден 23 септември 
63 п.н.е.- Роден е римскиот државник и војсководец Гај Јулиј Цезар Октавијан Август, прв римски цар, посвоен син на Гај Јулиј Цезар. Во 31 година п.н.е. по освојувањето на Египет ја презел целата власт и ја укинал републиката. Вовел нов облик на владеење и администрација, познат како принципат (централизација на власта). Со новите градби го разубавил Рим, помагал на науката и уметноста со што неговото владеење е најубавиот период во римската историја кое е наречено „Августов“ или „Златен век“.
1719.- Лихтенштајн станал независно кнежество во рамките на Светото римско царство.
1817.- Шпанија и Велика Британија потпишале договор за забрана на трговија со робје.
1870.- Умрел францускиот писател Проспер Мериме. Тој со неговите новели „Кармен“ и „Коломбо“ го инспирирал францускиот композитор Жорж Бизе да напише опери. Со голем восхит пишувал за руските писатели Александар Пушкин, Николај Гогољ и Иван Тургењев.
1889.- Роден е Волтер Липман, северноамерикански новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања. До 1966 година бил редактор и уводничар на весникот „Њујорк хералд трибјун“. Двапати е добитник на Пулицеровата награда. Умрел на 14 декември 1974 година.
1903.- Над селото Цапари, на Пелистер се водела последната востаничка битка (Пелистерска битка) во Битолско во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинале 48 востаници.
1923.- Под раководство на Комунистичката партија на Бугарија било кренато масовно антифашистичко востание во Бугарија и во Принска Македонија, познато во историјата како Септемвриско востание. Востанието било резултат на изострената револуционерна криза во земјата и претставувало отворен судир на бугарската реакција со работничката класа и потчинетиот народ во Пиринска Македонија.
1930.- Роден е американскиот пејач и композитор од африканско потекло Реј Чарлс, кој иако слеп, постигнал блексава кариера. Врз неговиот стил најмногу влијаела црнечката госпел музика и блузот.
1932.- Неџ, Хеџас и повеќе други држави се соединиле во една држава Саудиска Арабија.
1938.- Во Виена е родена Роми Шнајдер, австриска филмска актерка. Снимила повеќе од 50 филмови, најмногу во Франција и во Италија. Најпознати и се улогите во филмовите „Сиси“, „Кардинал“, „Победници“, „Убиството на Троцки“ и „Директна смрт“. Умрела во Париз, на 29 мај 1982 година.
1939.- Во Лондон умрел Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. Најпознати негови дела се „Кон психологијата на секојдневниот живот“, „Толкување на соновите“ и други. Роден бил во Фрајбург, на 6 мај 1856 година.
1973.- Во Сантјаго умрел Пабло Неруда, чилеански поет. Тој се вбројува меѓу најголемите писатели што твореле на шпански јазик. Храбро се спротивставил на фашистичката хунта по убиството на Аленде. Неговиот погреб во 1973 година се претворил во величенствена манифестација на чилеанските антифашисти и патриоти против диктатурата на Пиноче. Добитник бил на Нобеловата награда за литература во 1971 година и на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1972 година. Роден бил во Парал, на 12 мај 1904 година.
1984.- Во Струга умрел Владо Малески, македонски револуционер, општествено-политички работник, писател, публицист и сценарист. Тој е еден од најталентираните основоположници на младата македонска проза. Автор е на книгите раскази „Ѓурѓина алова“, „Бранувања“ и „Кажувања“, на романите „Она што беше небо“, „Војната, луѓе“, војната“, „Разбој“, „Записи на Езерко Дримски“ и „Јазли“. Автор е на сценариото за првиот македонски филм „Фросина“. Роден бил во Струга, на 5 септември 1919 година.
1991.- Ерменија прогласила независност од СССР.
1996.- Грчкиот социјалистички премиер Костас Симитис, кој на позицијата дошол во јануари 1996 година на местото на тешко болниот Андреас Папандреу, го победил на изборите конзервативниот ривал и добил четиригодишен мандат за управување со земјата.
1999.- Руски воени авиони го бомбардирале аеродромот во Грозни, на почетокот на кампањата за искоренување на исламските терористи во Чеченија.
2006.- Умрел британскиот композитор Малколм Арнолд, творец на музиката за филмот „Мост на реката Квај“. Компонирал музика за 132 филма, седум балети, девет симфонии и две опери.
2013.- Починал Душан Љубисављевиќ, од популарното дуо „Дуле и Коки“. Штипјаните Дуле и Коки (Никола Јанков) пред дваесеттина години како студенти формираа дуо со кое на македонската забавна сцена донесоа многу песни меѓу кои и нивниот хит „Виолина и гитара“ со кој победија на Макфест 1997./MIA