Галант соопшти дека израелската армија има контрола врз западниот дел на градот Газа

од Radmila Tasevska

Израелската армија презеде контрола врз западниот дел на градот Газа, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, јави ДПА.

– Следната фаза почна, рече Галант.

Toj не прецизираше како ќе изгледа оваа фаза од војната во Газа и само рече „вооружените сили продолжуваат со прецизност и одлучност“.

Во меѓувреме, израелската армија дојде до „значајни откритија“ во најголемата болница во Појасот Газа, наведе Галант.

Операцијата во болницата Ал Шифа е во тек, рече тој. Претходно, воен претставник соопшти дека армијата пронашла командни и контролни центри на Хамас во болницата.

Израелската армијата, исто така, соопшти дека открила информации и филмски материјал на кој се прикажани заложници на компјутери и друга опрема во болницата Ал Шифа. Пронајдено е и оружје и разузнавачки материјал.

ДПА нагласува дека информациите не можат да се потврдат независно.

Слични содржини