
Украинската активистка на движењето “Фемен”, која во петокот се нафрли врз чешкиот претседател Милош Земан, доби условна казна и беше екстрадирана од земјата, објавија чешки медиуми.

Судот во Прага ја осуди Ангелина Диаш на три месеци затвор условно и есктрадирање од земјата.
Според првите тврдења, таа можела да добие и до три години затвор за нападот. Условниот период за Украинката е определен на една година, рече нејзиниот адвокат.
Да потсетите, во петокот додека Земан се подготвуваше да гласа беше нападнат од голата Украинка од движењето “Фемен”, која при тоа дури му упати и навредливи зборови на англиски дека тој е слуга на претседател Владимир Путин.
Според експертите овој случај може да ја зголеми поддршката за Земан, бидејќи на социјалните мрежи се појавија многу текстови кои се сочувствуваа кон неговата улога и ситуација.
Наслови во медиумите како “напад врз Земан” и “скандалозен инцидент” беа на насловните страници на саботните весници. Од профилот на фејсбук на Ангелина станува јасно дека таа сака да позира во различни примамливата пози и е успешна манекенка. Нејзината убавина е веќе миленик на Чесите, погледнете ја:



