(ГАЛЕРИЈА) Бијонсе со трудничка фотосесија: Во мене чукаат три срца

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Вчера Бијонсе го сруши рекордот на Инстаграм со објавувањето на фотографијата со која соопштува дека очекува близнаци. Таа објави кадар во кој гордо го гали заоблениот стомак носејќи долна облека од  Agent Provocateur со вел на главата и илјадници цвеќиња околу неа.Утринава, сепак на нејзина фан страница осамнаа уште кадри од најверојатно, како што изгледа, трудничката фотосесија. Фотографиите ја прикажуваат во слична атмосфера, а на некои од нив се појавува и нејзината ќерка Блу Ајви.

Фан страницата каде обично се споделувани клипови од музичките видеа на Бијонсе ја следат 250,000 следбеници, и иако се уште нема официјален коментар од пејачката, изгледаат доста автентично.

Дали се вистинити, одлучете сами: