Модната куќа Yves Saint Laurent беше нападната поради рекламни билборди, кои според францускиот рекламен регулатор ги понижуваат жените.
Заедничите пораки не одговараат на етичките правила, што се однесуваат на претставувањето на човечкото тело, појаснуваат од регулаторот.
Тој инсистираше модната куќа да го запре ширењето во каква било форма на слики од новата кампања на брендот, како и тие да се симнати или заменети.
Најмногу сигнали се добиени поради два постера. На едниот жена на ролерки е во предизвикувачка поза, наведната над барски стол. Вториот ја покажува расчекорена жена во мрежести хулахопки, повторно со ролери.
Засега од Yves Saint Laurent не дале официјален коментар.


