(ГАЛЕРИЈА) Ема Вотсон во тоалета како од бајките на премиерата на „Убавицата и ѕверот“

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Ема Вотсон прилично често импресионира со моделите кои си ги избира за световските настани. За премиерата на адаптираниот игран филм на Disney “Убавицата и ѕверот”, актерката позираше во долг светло син фустан со сложен крој, достоен за тоалета од бајка, пишува Daily Mail.

Вотсон ја одигра улогата на Убавицата и застана во стилската тоалета до Дан Стивенс, кој влезе во улогата на ѕверот. Премиерата беше вчера, на 23 февруари во Лондон.

26-годишната ѕвезда од серијалот за “Хари Потер” беше со  беспрекорно деколте, а конструкцијата на фустанот позади наликува на царска наметка.

Весникот забележува уште дека таа се фотографирала на настанот со дебел слој маскара и совршено обликувани веѓи кои даваат фокус на нејзините кафеави очи.

Ема Вотсон го заврши аутфитот со црни чевли на потпетици со ремче околу глуждот.

Пред десетина дена Ема беше прогласена за “Жена на годината”, каде актерката исто така импресионираше со уникатен фустан во фантастични мотиви.

Фото: Facebook

Видете ја Ема Ватсон на премиерата на “Убавицата и ѕверот” во галеријата.