(ГАЛЕРИЈА) Ева Лонгорија заведува на насловната страница на списанието “Ocean Drive” и зборува за деца

од desk2
87 прегледи

Taa e среќно мажена со Хозе Пепе Бастон, помалку од една година. Но, кога Ева Лонгорија го запознала нејзиниот сопруг, 2 пати разведената ѕвезда не замислувала дека ќе се омажи по 3ти пат.

39d1b77300000578-0-image-a-1_1477677277252

“Кога се запознавме со Пепе јас реков дека не сакам никогаш повторно да се омажам. Тој рече “одлично, ни јас” и еве тука сме!” изјави Ева за најновото издание на списанието “Ocean Drive”, на кое ја краси насловната страница.

Ева се омажи со Хозе изминатиов мај, меѓутоа таа тврди дека не се обидува присилно да го прошири нејзиното семејство. Наместо тоа, таа е среќна работите да се одвиваат по природен пат.

“Ако се случи, нека се случи. Ако е така судено, тоа ќе биде благослов” додава таа.

39d1b79100000578-0-image-a-4_1477677337268

Актерката исто така се пофали за односот со нејзиниот сопруг:

“Пепе и јас сме сродни души. Јас дури и не знам како да го објаснам тоа, бидејки тоа е како да сме две различна страни на една иста монета.”

Таа исто така изјавува дека не жали за минатото на нејзиниот љубовен живот:

“Мислам дека секоја врска е патот до она каде што си денес. Секој погрешен чекор те носи до точката каде што си сега, па не мора да значи дека тоа било погрешно во тоа време. Јас никогаш ништо не би променила.”

39d1b7a000000578-0-image-a-2_1477677303477

Фотосесијата за списанието ги покажува фотогеничните карактеристика на Ева и зошто на нејзините фанови им е тешко да ги свртат очите од екранот кога таа се појавува.

Нејзината кариера прерасна од актерство во продукциска, а сега дури и дизајнирање за брендот “The Limited” .