(ГАЛЕРИЈА) „Форбс“ го објави „залезот на Жизел Бундхен“ – која е новата највисокоплатена манекенка во светот

од desk4
102 прегледи

Форбс откри кој е највисокоплатениот модел за 2017 година. Тоа е 22-годишната Американка Кендал Џенр која заработила 22 милиони долари.

На второ место е бразилскиот модел Жизел Бундхен, која пред тоа ја предводеше листата и на врвот беше 15 години. Во 2016 година, 37-годишната Бундхен заработила 17,5 милиони долари.

На трето место е 31-годишната Американка Криси Тејгн со приход од 13,5 милиони долари.

Четвртата позиција е за 36-годишниот бразилски модел Адриана Лима, кој има заработено 10,5 милиони долари.

Профитот на модел се пресметува за период од 1 јуни 2016 година до 1 јуни 2017 година. Според магазинот, вкупниот приход на овие 10 модели во одредениот период изнесува речиси 110 милиони долари.