Православните христијани го одбележуваат Велики петок.
Граѓани денеска во мал број се собраа во Соборниот храм „Свети Климент Охриски“, каде што се држеше света литургија по повод празникот.
Тие палеа свеќи, поминуваа низ светата плаштеница, на која воедно оставаа и дарови. Верниците кои постеле може да земат причест.
На овој ден црквата предвидува строг пост, само со вода, а многу верници на Велики петок ништо не пијат, ниту јадат до зајдисонце.
Традиционалните собири пред црквите оваа година ќе изостанат поради епидемијата од коронавирусот, а од епархијата ги повикаа граѓаните да запалат свеќи на своите тераси и да почекаат камбаните да го означат господовото Воскресение.
За велигденската ноќ свештениците литургиите ќе ги спроведуваат сами.
Фото: Борче Поповски