(ГАЛЕРИЈА) Хејли Болдвин провоцира со кадри од тоалетот

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Ќерката на Алек Болдвин – Хејли, објавува во Instagram своја слика, на која седи на тоалетна школка и зборува на телефон со смкнати чипкани гаќички, соопштува Daily Mail.

20-годишниот модел откри дека има фотосесија за списанието Inprint, а фотографиите се направени од Пјер Тусен.

“Една од моите омилени корици кои сум ги направила досега”, пишува под натписот на сликата убавицата која има речиси 10 милиони следбеници на социјалната мрежа.

“Единственото нешто што ќе кажам е да го подигнете поклопецот за да изгледате реалистично” нападна нејзин следбеник.

“Зошто е затворена тоалетната шолја”, пишува и друг корисник.

Во фотосесијата топмоделот позира со пижами, со фармерки. Ја има и во црно-бела фотографија, на која носи очила и црна поло. Исто така ја покажува и како оди по работ на кадата во бели шорцеви или јаде зад биро во бела бањарка.

Хејли беше наречена “најжешката 20-годишна”, додека ја красеше насловната страница на списанието Remix.

Во прилог со фотосесијата, убавицата дава и интервју за весникот. Ќерката на 50-годишниот Алек Болдвин е меѓу децата на познатите личности кои градат кариера на модели.

Видете ја Хејли во галеријата.